Враќање/Замена на производ
Враќање / Замена
Со купување на производи од Polici.mk, Вие се согласувате со општите правила и услови, во делот замена и враќање на производи.
Враќање / замена на производот може да биде до 15 дена од приемот.
Враќање / замена на производот доколку е оштетен, нефункционален, неисправен, погрешен, или не одговара на карактеристиките опишани во неговиот опис е исклучива обврска на Продавачот согласно Законот за облигациони односи и Законот за заштита на потрошувачи. Производот може да биде заменет со нов само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригалното пакување.
Во случаи каде карактеристиките на производот одговараат на оние кои се веќе опишани, но производот не му одговара на Купувачот заради формата, големината, моделот, бојата, бројот, или од други причини, трошоците за испораката ќе ги сноси Купувачот, освен во случаи доколку истото се договори поинаку надвор од ингеренциите на Polici.mk. Во договор Polici.mk замената се врши при достава на новиот производ. Должни сте 15 дена да го чувате оригиналното пакување.
Она што треба да го знаете пред да поднесете барање за враќање на производи:
• Доколку се враќаат средства по вина на Продавачот, тие се исплаќаат 100%.
• При евентуално враќање на одреден производ, и рефундирање на средства, без притоа да има вина на Продавачот, Ве молиме да испратите барање за рефундација на средства на следнава е-маил адреса: info@polici.mk или да го контактирате нашиот тим. Доколку ги исполнувате условите за рефундација, Ве информираме дека во овој случај административните и манипулативните трошоци за процесирање на нарачката и трансакцијата за поврат на средства, се на товар на Купувачот, при што средствата намалени за тој износ ќе Ви бидат префрлени во најбрз можен рок на Вашиотa сметка.
Доколку сакате средствата да бидат вратени на вашата трансакциска сметка, Ве молиме вашите податоци (име и презиме, адреса, трансакциска сметка, банка) и бројот на откажаната нарачка да ги испратите на следнава е-маил адреса: info@polici.mk.